Почина познатиот македонски уметник Илија Кочовски. Роден во Битола 1945 година. Завршил Училиште за применета
уметност во Скопје и Академија за ликовна уметност во Белград. Во ликовното творештво и на јавни ликовни манифестации присутен е од 1967 година.
Кочовски приредил 30 самостојни изложби, 17 со Ликовната група 77, учествувал на голем број групни национални и меѓународни изложби од кои позначајни се
оние во Париз, Лондон, Глазгов, Стокхолм, Буенос Ариес, Белград, Љубљана, Софија, Варна, Канагава, Мелбурн, Харов, Рациборш, Вироинвал, Прахова, Анкара,
Истанбул.
Учествувал на повеќе ликовни колонии, симпозиуми… Добитник е на повеќе награди. Член е на Ликовната група 77/ Кочовски, Кочевски, Манев / ДЛУМ и
ДЛУБ,
ДЛУБ БИТОЛА