На такмичењето за Alpin Snowboard слалом кое денес се одржа на Копаоник, Р. Србија настапија и нашите млади битолчанчиња, сноубордерите Евгениј Ристевски (11), Анамари Мушуланова (13) и Андреј Мушуланов (10) кои го преставуваа нашиот Ски Клуб Пелистер од Битола .
И покрај големата конкуренција од целиот Балкан младиот Евгениј во класата до 14 години го освои највисокото, прво место, а Анамари Мушуланова третото место.
За нас овие резултати се доста високи и победнички бидејќи оваа зима останавме без снег и било какви услови и припреми со кои би постигнале уште повисоки места и резултати.