Екипата на Еурофарм Пелистер одигра брилијантна ракометна партија и со домашна победа над Спортинг Лисабон (31-24) по шест одиграни кола го презеде второто место во групата Д во Европската лига на ЕХФ.
„Зелените“ на Жељко Бабиќ го прочитаа противникот. Во првото полувреме натпреварот беше во егал, но стартот на вториот дел донесе еден нов полетен Еурофарм Пелистер кој ја казнуваше секоја грешка на противникот. Гостинот од Португалија во вторите триесет минути ја загуби и поддршката од голманите, па така го загуби и натпреварот во Македонија. За битолчани ова беше трета победа по шест одиграни кола и со осум бода е на второто место, веднаш зад Ним кој има девет.
Извор и повеќе ГОЛ.МК