РАКОМЕТЕН КЛУБ ЕУРОФАРМ РАБОТНИК АД Битола
ул.Добривое Радосављевиќ бр.3. , 7000 Битола, РМ
тел.+389 71 231 461
До: г-ѓа Наташа Петровска, Градоначалник на општина Битола
ПРЕДМЕТ: ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА
Почитувана
Врз основа на разговорите кои ги водевме во изминатиот период со Вас и Вашиот тим и со раководството на РК Пелистер, спремни сме да понудиме на разгледување еден документ кој го нарековме “Платформа за ракометна Битола”. Во овој документ сметаме дека се содржани реалните постапки кои треба да ги превземеме сите заедно со цел да овозможиме најракометниот град во нашата држава повторно да си го врати својот ракометен сјај. Во продолжение ги презентираме нашите предлози за доаѓање до конечно решение кое го посакуваме сите заедно РК Еурофарм Работник да ги купи 100%, акциите на РК Пелистер. Пред купувањето на акциите ќе биде постигнато сметководствено усогласување на двете страни.
Доколку во иднина се појават други непријавени обврски на РК Пелистер кои се со датум од
пред купување на акциите од страна на РК Еурофарм Работник и кои не биле предмет на сметководственото усогласување подмирувањето на тие трошоци ќе го превземе Општина Битола.
РК Еурофарм Работник писмено ќе се обврзе дека нема да го згасне правниотидентитет на РК Пелистер. Доколку од објективни причини во иднина се наметне
потреба клубот РК Пелистер да се даде во владение на друг сопственик, РК Еурофарм
Работник е должен одлучувањето за новиот сопственик да му го препушти на Советот на Општина Битола. При евентуално превземање на РК Пелистер од друг сопственик, РК Еурофарм Работник има право само на материјален надоместок кој ќе биде идентичен со сумата на материјални средства кои РК Еурофарм Работник ќе ги вложи
при купување на акциите на РК Пелистер.
РК Еурофарм Работник ќе го промени своето име во РК Еурофарм Пелистер клуб кој во
оваа натпреварувачка сезона ќе се натпреварува во Лига на шампиони и СЕХА лига.
Општина Битола ќе донеси одлука дека во наредните пет години ќе издвојува по 15 милиони денари годишно за РК Еурофарм Пелистер (доколку клубот игра во европски
натпреварувања и СЕХА лига). РК Еурофарм Пелистер ќе биде задолжен овие средства
да ги троши исклучиво за подмирување на договорените професионални обврски кон
македонски ракометари кои ќе настапуваат во екипата на РК Еурофарм Пелистер.
Општина Битола ќе може да предложи двајца членови на УО на РК Еурофарм Пелистер.
Општина Битола во наредниот период ќе ги вложи сите потребни напори за да се овозможи спортската сала Боро Чурлевски во Битола да ги постигне минимално
потребните услови кои се поставени од ЕХФ и СЕХА за натпреварите на РК Еурофарм
Пелистер да се играаат во Битола.
РК Еурофарм Пелистер во тековната сезона ќе настапува во плаво бели дресови на кои ќе биде сегашниот грб на РК Пелистер.
Раководството на РК Еурофарм Работник писмено ќе се обврзе дека ќе продолжи да ја негува историјата и традицијата на РК Пелистер.
Паралелно со РК Еурофарм Пелистер ќе продолжи да функционира и друг клуб РК
Еурофарм (или друго име). Клубот ќе игра во македонската супер лига и ќе претставува база за развој на млади ракометари кои во овој клуб ќе стекнуваат искуство и ќе се спремаат да играат во РК Еурофарм Пелистер во наредните сезони.
Раководството на РК Еурофарм Пелистер ќе ја негува традицијата на ракометна Битола, во состав на клубот професионално ќе работат пионерски, младински и кадетски школи и екипи во кои ќе се преферира тренери да бидат поранешни истакнати ракометни
играчи и ракометни работници од Битола.