Битолскиот фотограф и хроничар, доајен на битолското новинарство Петар Ставрев (р. 1941) познат помеѓу битолчани како голем љубител на планината и природата, и на почетокот од оваа 2022 година ја продолжи неговата традиција и на 81 години пеш се упати во правец од вилата на Лазо до м.в. Антена (врв Пелистер 2601 мнв) , каде заедно со дежурната екипа на МРТ 26-та година по ред ќе отворат едно шампањско по повод новогодишните празници.
КАКО ШТО САМИОТ ТОЈ ИЗЈАВУВА ОВАА НЕГОВА ТРАДИЦИЈА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ КОГА ЗА НОВОГОДИШНОТО ИЗДАНИЕ НА ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР САКАЛ САМИОТ ДА ПРИДОНЕСЕ СО ЕКСЛУЗИВНА ВЕСТ И ОДЛУЧИ НА ВРАБОТЕНИТЕ КОИ РАБОТАТ НА НАЈВИСОКОТО РАБОТНО МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА, НА 2601 МНВ, ДА ИМ ОДНЕСИ ПОДАРОК И ТОА ПИЈАЛОК ШАМПАЊСКО… ЗА НЕКОЈ МЕСЕЦ И 82 Г. ПРЕСРЕЌЕН ШТО ДЕНОТ ДЕНЕС БИЛ ПРЕУБАВ И ПОЛН СО СОНЦЕ, ПОДАРУВАЈЌИ МУ И ПОГЛЕД НАД БИТОЛА И ПРЕСПА ЗА КОЈ ВРЕДИ ТОЛКУ МНОГУ ДА СЕ ПРОПЕШАЧИ.
НЕКА ОВАА 2022 ГОДИНА ВИ БИДЕ ИСПОЛНЕТА СО МНОГУ ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И УБАВИ МОМЕНТИ, ЗАВРШИ СТАВРЕВ СО ЧЕСТИТКА ДО СИТЕ НАШИ СОНАРОДНИЦИ И ЧИТАТЕЛИ.
Голема благодарност до Стефан Петровски и Јонче Мурато кои денес се дежурната екипа кај предавателот на МТВ, Антена.