Kој е Петар и која е твојата улога во Global Help Desk?

На кратко, Петар најчесто е највисокиот дечко во опкружувањето, дипломиран мултимедиа дизајнер на Copenhagen Technical Academy, ентузијаст за маркетинг, продажба, менаџмент, евангелист за blockchain технологии и дел од тимот за развој на бизнисот на Global Help Desk.

Global Help Desk е мултифункционална старт ап компанија која нуди поддршка, услуги и решенија во повеќе области како што се call center, help desk, Network Operating Center (NOC). Што всушност претставуваат и што вклучуваат сите овие области?

Нашата мисија е едноставна: ние сме човечката врска помеѓу технологијата и проблемите на клиентите кои произлегуваат користејќи ја. Нашиот фокус е да им помогнеме на компаниите да им овозможат подобро корисничко искуство на крајниот клиент. За да можеме успешно да ги решаваме проблемите кои произлегуваат при работата со апликации, имаме 3 посебни оддели кои на крајот на денот имаат една иста заедничка цел – да пружат високо ниво на задоволство кај клиентите секогаш кога ќе им биде потребна корисничка поддршка.

Ако би одел подетално околу областите на корисничка поддршка кои ги покриваме, би започнал со Help Desk. Работата на еден Help Desk техничар е да им даде техничка поддршка на корисниците околу проблемите со користење на компјутерски хардвер, комуникациски софтвер или десктоп апликации.

Call center е следната област каде нудиме корисничка поддршка. Нашите агенти се задолжени да одговорат на повиците на клиентите, да ги разберат нивните барања и да го ескалираат проблемот до соодветниот тим кој е задолжен за решавање на истиот.

NOC (Network operating center) е центарот каде нашите техничари имаат за цел да ги надгледуваат операциите кои се одвиваат на сервери, мрежи или телекомуникациска опрема во дата центри или други организации. Целта е брзо детектирање на секое невообичаено однесување на хардверот и софтверот кои се користат за беспрекорно функционирање на апликациите. Во случај на технички проблем, брзото ескалирање до соодветниот тим кој е задолжен за решавање на истиот е исклучително важно за крајниот корисник да ги ужива услугите во целост.

Што треба еден потенцијален вработен да знае за да започне да работи во Global Help Desk?

Кандидат за работа кај нас потребно е да поседува добри комуникациски вештини на англиски јазик и снаодливост со компјутерски апликации. За жал голем дел од апликациите кои секојдневно ги користиме не се често застапени во други компании во Битола и соседните градови, ниту пак се изучуваат на факултетите за информатички технологии.

Но затоа имаме подготвено тренинг период каде секој вработен ги изучува потребните алатки за работа и се стекнува со вештини кои се користат во 90% од компаниите за ИТ поддршка глобално.

Каква е твојата визија за Global Help Desk и како се движите моментално?

Во моето работно искуство сум имал среќа да работам на неколку мултинационални проекти, каде сум можел да видам, да споредам или да се натпреварувам со професионалци од различни нации. Она што најмногу ме иритираше (истовремено и мотивираше) беше етикетата која генерално ја добивавме како нација “мала држава, со не многу добра економија = евтина работна сила која ќе заврши просечно добра работа”.

Тука доаѓаа до израз нашите вредности и квалитети кои ни најмалку не се за потценување. Можеби не можеме да ја промениме големината или економијата во нашата држава, но сигурен сум дека нашите вредности во ИТ индустријата ги имаме и сме рамо до рамо со најдобрите. Тоа е нашата визија и ова се нашите вредности кои сакаме да ги прикажеме кај секој клиент.

Global Help Desk не е само уште една outsourcing компанија каде може да се најде “евтина работна сила” на ИТ пазарот. Одговорност во извршувањето на задачите, професионалност, креативност и корисничката сатисфакција се вредностите по кои се водиме ние во Global Help Desk.

Зошто да станеш дел од Global Help Desk?

Она што ние го нудиме е флексибилна работна атмосфера идеална за развивање на интелектуалци кои сакаат да се надградуваат во своите вештини. Активно сме во потрага по нови колеги кои имаат аспирации и амбиции да растат и напредуваат. Секој кој има амбиции за кариерен раст, и се гледа себеси како одговорна личност со позитивен и професионален став, е добредојден во нашите канцеларии.

Така што секој кој е заинтересиран да стане дел од нашиот тим, може да ја посети нашата вебстрана www.globalhelpdesk.eu и да аплицира, или да го пушти своето CV на [email protected]. За сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за нас, може да ја посетат нашата вебстрана, да ги заследат нашите профили на Инстаграм, Facebook и LinkedIn или да нè контактираат директно.

Андријана Димитриевска

[email protected]

[email protected]