1.Раѓање во вода и преминот од утробата во надворешниот свет е помалку трауматичен за бебињата родени во вода.

2.Можеби сте загрижени дека вашето бебе ќе вдише вода со првиот здив. Бидете сигурни, вашето бебе има вроден “нуркачки” рефлекс, кој не му дозволува да го земе првиот здив се додека не дојде во контакт со воздух и не ја стимулира кожата околу устата.

3. Новородените бебиња се врзуваат преку допир и мирис. Вашата акушерка ќе го поттикне контактот кожа на кожа со ставање на новороденчето на вашите гради веднаш после породувањето.
Непосредниот контакт кожа на кожа поттикнува силна емотивна поврзаност помеѓу мајката и новороденото, но и многубројни здравствени придобивки како што се: регулација на телесната температура, регулација на срцева фреквенција, помалку стрес и плачење, силно чувство на сигурност и поуспешно доење.

4. Хормонот окситоцин се ослободува за време на бременоста и во поголеми количини за време на породувањето. Тоа ви дава чувство на еуфорија и љубов кон вашето новороденче.

5.Раѓањето во топла вода го прави породувањето помалку болно (поради тоа што лесно се менува положбата во водата и повредите на родилните патишта се минимални).

——————————————————

Дали сте размислувале за породување во вода? Разговарајте со вашиот гинеколог во Плодност за да добиете одговори на сите ваши прашања.

☎️ Јавете се на: +389 47 208 880

💌 Испратете емаил: [email protected]