Нови бели дробови за битолчани: Пелистерските јунаци денеска посадија 850 борчиња

од November 21, 2020 0 коментари

Денеска во месноста Кркардаш над црквичето св. 40 маченици во населбата Баир од страна на Боксерскиот клуб “Пелистерски Јунак” на ритчето беа посадени 850 мали борчиња.

Ова е продолжение на Велигденската акција каде исто така беа посадени 650 борчиња и за оваа 2020 година, вкупно 1500 нови бели дробови за почист воздух за битолчани и за нашата Битола… ни посочија од клубот

Да се надеваме дека садењето на дрвца ќе продолжи и ова ќе биде пример и за останатите граѓани и субјекти кои им го мислат доброто на нашиот град и битолчани.

Браво за јунаците. 👏👏👏

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *