“Добредојдовте во Арборетумот Есперид на Кивик, кој се наоѓа директно во непосредна близина на Еспердс Хергард. Прошетајте преку мостот по меките патеки и разгледајте ја природата” – е пораката на нивната фан страна во за нас не многу далечната Шведска.

Арборетумот е ботаничка градина исполнета со колекција на познати егзотични дрвја и растенија, создадена од капетанот во шведската коњаница Алберт Волис во 1922 година.

Неговата сопруга Елза Волис продолжи да го развива арборетумот со нејзиниот брат скоро 25 години по смртта на нејзиниот сопруг. Оттогаш па досега на површина од 40.000 м2 има најразлични растенија и дрва од различни области на светот меѓу кои се наоѓа и нашата ендемска пелистерска Молика.

Голем поздрав до Јован Јоше Ристевски, нашиот сограѓанин кој ни го испрати ова инфо.