qrf_vivi

Архитектот Златко Стерјов заедно со неговиот тим и поддршка кој се состоеше од проф. Петар Муличковски, архитектите Горки Балојани и Михаил Димитров, заедно со графичарот Андеј Нашоку во месец ноември 1999 г. издадоа мала брошура насловена како Пелистер во 21 век во која се преставени географските, хидрогравски и климатски карактеристики на Баба Планина. Ова е мала студија во која детално се проучени и обележани сите ски терени заедно со патеките за скијање и за планинарење, места погодни за жичари и ски лифтови, баш така како што Пелистер треба да изгледа во 21 век. Но од сето тоа за жал до ден денес ништо не е реализирано. Ние ќе Ви преставиме еден мал дел и таа студија и тоа патеките за скијање кои и не се во мал број.