Денес Пелистер во рамките од 13-то коло од Втората фудбалска Лига на Македонија, со гол во последната секунда на стадионот Тумбе Кафе во Битола ја победи екипата на ГФК Охрид Лихнидос со 2-1.
Ова е прва победа за новиот тренер Зоран Штерјовски кој заедно со навивачката група Чкембари имаа денес за што и да прослават. Браво Пелистер!

Фото и видео Димитар Петковски