30 март 1996 година засекогаш ќе остане запишан како најтажниот ден во историјата на РК Пелистер и сигурно една од најголемите шанси кои македонскиот клупски ракомет ги пропушти.
Пелистер „тропаше на вратата“ од финалето на Купот на победниците на Куповите, откако по поразот од Лемго во Германија со 25-23 (19-13),

во реваншот во Битола беше на чекор да ја надополни минималната негатива и да го елиминира германскиот тим.
Моќниот Лемго воден од унгарскиот тренер Лајош Мочаи, со ѕвездите Штефан, Баумгартнер и Зербе беше практично поразен, но со примен гол во последната секунда, на Пелистер му избега финалето, а подоцна можеби и трофејот. Пировата победа од 24-23 (12-13) засекогаш остана запишана како најболен момент за сите ракометари, за сите присутни во спортската сала „Младост“, за сите ракометни вљубеници. Сите се сеќаваат и на ракометната „треска“, проблемите со паркетот, доцнењето и амбиентот за незаборав.

Екипата на Пелистер водена од Зоран Зечевиќ ја сочинуваа: Стефановски, Димитровски, Николовски, Зарков, Маринковиќ, Мирзамамедов, Петрески, Поповски, Марковски, Чурлевски, Николиќ, Новокмет, Пелешенко и Петковски.

Подоцна на истиот овој ден, но во 2002 година, во полуфиналето на Челинџ Купот, Пелистер воден од Маковеј и Стефановски и со Ангелов и Наумче Мојсоски на теренот го елиминира данскиот Фредеригсберг по неверојатна драма и седмерци и се избори за единственото машко клупско финале во македонската историја против Скјерн, кое подоцна го загуби.

Покрај битолчани, во нашата земја единствено Вардар има полуфинале на некој од европските купови, а можеби токму оваа година е онаа вистинската за повторување и надградување на успесите на битолски Пелистер.

Извор Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here