Иако веќе се знаат патниците во плеј-офот, односно разигрувањето за титулата во Суперлигата, сигурно нема да биде неинтересно на градското дерби во Битола меѓу Еурофарм Работник и Пелистер. Пелистер го одреди терминот за натпреварот, а тоа ќе биде 18.30 часот во СЦ „Младост“ во сабота. Двете екипи се сигурни на првата и втората позиција и без притисок ќе влезат да се надигруваат.
Ова ќе биде прво градско дерби за тренерите на двете екипи, бидејќи на местото на Андон Бошковски на клупата на Еурофарм Работник седна Илија Темелковски, додека Борче Марковски го замени Стевче Алушовски на клупата на Пелистер.
Во првиот меѓусебен дуел Пелистер славеше убедливо со 17-25. За новите играчи во Еурофарм Работник, Михаил Петровски и Горан Кузмановски ова ќе биде прво градско дерби, додека кај Пелистер за првпат на градско дерби ќе настапатЈагош Брауновиќ и Коки Петров, бидејќи Мартин Јовановски и Пеце Рајатовски веќе имаа играно.
Судии на оваа средба ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегат е Јово Василев од Битола. Двата клуба утре ќе одржат заедничка прес-конференција, а приходот од натпреварот ќе биде наметен за хуманитарни цели.
Извор Гол.мк