Превкусен есенски десерт кој ќе ви ги задоволи сите сетила. Доволно е по едно јаболко на човек, a количината е за двајца…
Состојки: 2 јаболка, неколку половини јатки ореви, 1 пакетче ванилин шеќер, 1/2 лажиче цимет, малку путер, неколку парчиња слатко (од тиква, смоква, дуња…), 1 лажица мед.
Подготовка:
Се лупат јаболката и се сечат на половини. Се вдлабнуваат. Во длабнатинките се ставаат јатки ореви. Јаболката одозгора се попрскуваат со ванилин шеќер и цимет. Одозгора ставете по едно малечко парченце путер и полејте ги со малку шербет од слаткото кое ќе го користите. Ставете ги да се запечат на 200 степени околу 15 минути. Обавезно ставете хартија за печење во тавата во која ќе печите. Извадете ги и прелејте ги со мед и додадете парчиња од слаткото.