Плановите за крајот на годината на сите нас се променети поради светската пандемија, а тоа има големо влијание на годишните листи со дестинации за патување кои ги објавија реномираните National Geographic и Lonely Planet.

Листите со најдобрите дестинации за 2021 година всушност се инспирација за идните авантури. Листата „Best of the World 2021“ на National Geographic нуди 25 дестинации избрани од страна на меѓународни тимови на уредникот со назив „You never drive alone because патот нема шанса да ти е здодевен“.

Влезот на Битола од страната на грчка граница е приказна сама за себе и е препорачан како no.1 во категоријата семејни патувања. Тој е претставен како најдолгиот уреден и обележан пат во светот кој никогаш нема да Ви е здодевен, долг 17 километри полн со дупки кои ќе Ве расонат и држат буден со јак адреналин и концентрација 200.

Патот на некои места намерно има погрешно обележана патна структура каде ќе Ви се причини дека се стеснува, искривува или се извеличува и со тоа ќе го побуди интересот за возење кај вас или чувството дека возите пијан камен со 2,5 промили.Тука загарантирано е вклучена и можноста за почеста посета на автомеханичар заради штеловање на предница или менување јабучици, бараштланги, стабилизатори, рамења и зглобови со што се менува и секојдневната ваша монотонија.

Во продолжение ќе Ви ја презентиравме целосната листа „Best of the World 2021“ на National Geographic, но нема ништо да најдете поинтересно од нашиот пат од Битола за граничен премин Меџитлија и затоа нема потреба од нејзино објавување.


Веста е измислена и е за само за забава на пошироката народна маса. Сѐ друго за жал е вистина како дел од нашето секојдневие.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here