IWConnect (IWC) вработува. Потребни се лица за работа со познавање на интеграции (со помош на SnapLogic), поддршка (Operational Support), DevOps, тестирање. Дали ⋮IWC може претходно да го научи било кого да програмира (или друго) и да се занимава со оваа дејност и тој истиот да се вработи во ИТ индустријата?

Токму затоа е основан ⋮ИВ Едукативен Центар. На секого да му помогне да научи сé што е потребно за да се вработи во ИТ индустријата. Обуките во ⋮ИВЕЦ генерално се поделени во две групи и тоа на основни обуки, наменети за совладување на неопходните основни (пред)знаења, и напредни обуки, или обуки неменети за вработување, каде што се совладуваат конкретни знаења и вештини кои кандидатите ги водат до конкретно вработување.

Во изминатата година, повеќе од 80%, или практично сите јуниори кои беа вработени во ⋮IWEC, претходно беа слушатели на некои од нашите курсеви или Академијата.

Колку време е доволно за некој да се обучи за оваа работа и отприлика колку тоа ќе го чини во ⋮IWEC?

За оние кое ги немаат потребните предзнаења од оваа област, го предлагаме „Подготвителен курс за развој на софтвер“. Како што кажува неговото име, овој курс ќе ги подготви слушателите за натамошно совладување на потребните знаења кои водат до вработување. Овај курс им помага на слушателите да стекнат знаења за програмирање со помош на најчесто користениот програмски јазик Java, кој обединува објектно ориентирано со функционално програмирање. Потоа ги објаснува релационите бази на податоци и комуникацијата преку веб сервиси. Оваа обука трае три месеци, со динамика од три двочасовни средби седмично.
Со цел искрено да ги мотивираме нашите слушатели, за сите кои ќе постигнат најмалу 70% успех на завршен тест од оваа обука, им нудиме 20% попуст на било која од обуките наменети за вработување. На тој начин прaктично оваа обука можат да ја добијат за околу третина од реалната цена.
За оние кои ги поседуваат потребните предзнаења, ја нудиме Академијата, или некој од специјализираните курсеви, наменети за вработување. Најчесто тие траат од три до четири месеци, а се со различна динамика од одржување на средбите.
Со „спојување на сите точки“, нашите кандидати до своето прво вработување во ИТ индустријата можат да стигнат за околу четири до осум месеци. Некои тоа го постигнале најмногу за една година, а вкупно тоа ќе ги чини од 500 до 1700 евра, во зависност од предзнаењата, личниот ангажман и избраното прoфилирање.

Многу од нас сме работно ангажирани ваму или таму, но имаме слободно време и ни се потребни дополнителни средства. Дали можеме да посетуваме обука за да се обучиме и потоа и дополнително да работиме за ⋮IWEC или други ИТ?

Совладувањето на сé што е потребно за да се започне со кариера во ИТ индустријата, а секако и да се напредува во оваа професија бара константно учење и посветеност. Кариерниот развој во оваа индустриска гранка бара непрекинат континуитет и затоа компаниите скоро по правило се потпираат само на кадри кои се единствено и целосно посветени на работата во ИТ индустријата.

Како програмери, веб девелопери, дизајнери подразбираме некои млади лица кои се цело време на компјутер. Дали тоа е навистина така или можи истото да бидат и некој на почетокот од пример 30 или 40, 50 години кои секако имаат можности и ја сакаат таа работа?

Работата со компјутерите мора да се сака, за да може успешно да се работи. Мотивот мора да биде искрен. Многу е полесно доколку порано се започне со учење на информациско – комуникациската технологија, но секако дека со темелно учење и упорна работа секој може да ја постигне целта, без разлика на годините.

Од кои години е најдобро некој да започне со учење за програмирање или графички дизајн бидејќи гледаме дека тоа е иднината за работа?

Во последните две школски години од основното образование, традиционално се започнува со изучување науки кои од учениците бараат имагинирање процеси кои не се едноставно видливи со „голо око“. Генерално тоа е периодот кога е најдобро да се започне со изучување и на програмирањето. Токму затоа ⋮ИВ Едукативен Центар организира курсеви за деца и млади. До овој момент нудиме два едногодишни курса и тоа за основи на програмирање и основи на бази на податоци. Наскоро ќе понудиме уште неколку вакви курсеви, со кои ќе ги обезбедуваме потребните знаења, за учениците по завршување на средното училиште да можат преку нашата Академија да започнат кариера во ИТ индустријата, или многу лесно да се снајдат на академски студии.

Дали е потребно да имаме некое специфично образование или тоа не е битно за да бидеме ИТ интересни и продуктивни?

Доколку ги погледнеме сите објави за отворени позиции за вработување, ќе забележиме дека од кандидатите се бараат конкретни знаења и вештини. Начинот на нивното стекнување не е важен. Формалното образование, односно завршувањето на факултетските студии, покрај тоа што обезбедува диплома, обезбедува и поширок дијапазон на основни, најчесто теоретски знаења. Неформалното образование од друга страна е многу подинамично во својата понуда и повеќе е насочено кон практични – конкретни знаења и вештини, кои што се веднаш применливи.
⋮ИВ Едукативен Центар перманентно ги следи светските трендови и брзо ја адаптира својата понуда и нуди кратки и динамични обуки, преку кои слушателите можат да се вработаат за само неколку месеци, односно за помалку од една година.

Колкава е најниската плата, а колку највисоката доколку ете би работеле во ⋮IWC или во друга ИТ компанија?

Познато е тоа што во моментов платите во ИТ индустријата просечно се повисоки во споредба со платите во сите останати индустрии. Тоа е случај во сите земји, а посебно е изразено кај нас. Затоа постои голем број заинтересирани кои сакаат да започнат ИТ кариера. Секоја компанија има свои принципи за награда, кои покрај основната плата, често вклучуваат и други бенефити. На пример, еден од бенефитите кои ги обезбедува ⋮IWC за своите вработени, е бесплатно приватно здравствено осигурување.
Иако платите, како и останатите начини за наградување се разликуваат кај различни компании, тие се зголемуваат само во зависност од знaењата и искуството.