oznorCO

За да се стекне некој со брачен другар во нашето не така дамнешно минато, морал да располага и со материјално покритие, зашто сопругата и сопругот се купувале. Разликата меѓу градот и селото била драстична, во градот се купувало момчето, во селото девојката. Градската мома и нејзиното семејство, според Шапкарев, уште додека била мала се подготовувале за брачниот прстен, таа, учествувајки во изработка на чеизот, семејството во парите. Понекогаш во неможност да купат сопруг, девојки со многу доблести и предодредени за среќен брак, како што истакнува една новинарска дописка, биле принудени да умрат како стари моми.

Со селската мома било сосема поинаку. Заради недостиг од работна рака и намалениот број машка челад (печалба и болести), момата била принудена да слугува кое било и основа, според Шапкарев, селските семејства секогаш да се радуваат кога се paѓало девојче и да говорат за “ќерка куќоберка”.

Но кога ваквата мома се мажела, секогаш била постара од момчето 8-10 год. и со сите проблеми што ги носи возрасната разлика.

Влогот што се давал за сопругата бил различен. Понекогаш требало “3 пара чевли, 2 кожуви и 2.000 динари за снаата, буре вино, 3 балони ракија и тепсија како општински данок”, но најомилено било златото. Тoа било и причина за материјална пропаст на нашиот
селанец, зашто продавал скапоцен имот, со кој го прехранувал семејството или робски да работи и да се задолжува кај кожодери лихвари.
Во крајот на 19 век во Косово, тврди Бранислав Нушиќ во своите етнографски белешки, цената на девојката, која обично се движела од неиздржливите 1.000 до 2.000 гроша, со координирано влијание на општините и на владиците, да се унифицира и да се сведе на едно ќесе, односно на 500 гроша.
И за време Илинденското востание под диктат на Организацијата од 15-25 лири, откупот во Македонија се сведил на 2 до 5 лири.

3а да се проследи состојбата во Македонија и, евентуално, да се влијае врз проблемов, скопскиот дневен весник „Вардар“ во почетокот на мај 1932 год. поведе анкета за купувањата сопруги. Пристигнаа огромен број дописки, кои весников започна да ги објавува и обичајов темелно да се разоткрива и анализира. Веднаш се откри дека „женски деца во клупи од основни училишта“ се продаваме насекаде”

Bo анкетава учествуваа учители, свештеници, општински службеници и други, од кои некои со својата аналитичност посебно се издвоиле и придонеле да се изгради општа слика за овој проблем.

Оценката била дека анкетата била многу позитивна, дека имам прилична заслуга и во откоренувањето на обичајов, но и во градењето планови за идните акции против него.

Во анкетава учествуваа и дописници од Битола. Благодарејќи на неа, се откри и настанувањето на пословицата „Пари на рака Мара за рака “, која ја засегна и муслиманската заедница.

Извадок од книгата Калеидоскоп на Александар Стерјовски која доколку сакате да ја набавите