Со донација од граѓаните на град Битола во населбата Карпош е подигнато мало паракливче во чест на македонскиот светец и просветител св. Климент Охридски, светител, прв словенски епископ во Македонија, просветител и книжевник.

Климент беше еден од најблиските ученици и соработници на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј.


Паракливчето се освети според сите црковни канони и сега можете во секое време да го посетите и да се помолите за здравје и среќа.


Нека ни е за многу години празникот.





