Пајтонот на Манди како што го знаеме ние битолчани или пајтонот на фамилијата Робеви пред некој ден пак продефилира низ битолските улици поради свеченост организирана од нивната фамилија. Напред на пајтонот беше синот на Манди, Димитар, а позади дел од неговото потомство и семејство.
Инаку пајтонот е стар околу 150 години и се смета дека е најстариот пајтон во градот на кого се има возено и големиот османлиски султан Решад Петти.
Инаку на крајот од 70-тите години од минатиот Манди имал проблеми со законот поради местоположбата на неговата куќа во центарот на градот каде било забрането чување на стока (коњчето за пајтонот) , заради што добивал казни и опомени од прекршочниот суд во Битола. Денес во Битола за жал немаме пајтон кој е симбол на славното градско минато и е една од нашите најголеми желби кои години ја туркаме за да биде една од нашите нови туристички атракции, се разбира доколку има останато некој градски да ја препознае и реализира.
Фотографии испратени од Таче Питошка