ЖЕЛБИТЕ СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ – ВО БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“ ПАЦИЕНТКА СТАНА МАЈКА НА 51 ГОДИНА

Животната желба да има дете, беше пресудна за нашата пациентка, која и покрај возраста, со својата упорност, верба и надеж, на свет донесе машко бебе на 51 година во Болница Плодност – Hospital Plodnost Со оглед на возраста, ова е храбар потег на гордата мајка, но и голем успех за ИВФ тимот на „Плодност“. Над 10-тина претходни обиди со ин витро постапки, не ја обесхрабрија мајката во намерата да има свое дете.

„Пресуден момент за бременост на нашата пациентка беше тестот за ендометријална рецептивност, односно ЕРА- тестот, за да ја утврдиме рецептивноста на ендометриумот. На овој начин ја имавме информацијата за точниот час од прозорецот на имплантација на ембрионот, кој беше најважниот момент за бременоста на нашата пациентка. Успехот во цел овој процес навистина предизвика огромна радост и кај пациентката, но и кај нашиот ИВФ тим, кој покажува дека упорноста и знаењето, даваат врвни резултати.

Ова не е прв случај пациентки кои имаат над 50 години, преку ин витро постапки да станат мајки кај нас. Досега, три пациентки на 50 години, две на 52 години и една на 51 година, преку ИВФ постапките во нашата болница, забремениле и донеле на свет свое дете“ рече прим. д-р Таше Трпчевски, по големиот успех кој го постигнаа заедно со ИВФ тимот на Болница „Плодност“.

Среќната мајка, која ја сподели својата радост со јавноста, истакна дека желбите навистина стануваат реалност, но за тоа е потребна упорност, верба и секако, добар медицински тим. Таа изрази посебна благодарност до ИВФ тимот на Болница Плодност – Hospital Plodnost, кои беа со неа во текот на целата фаза во процесот, од забременување до породување.