Селото Зовиќ се наоѓа во средишниот дел на областа Мариово. Припаѓа на Општина Новаци и со тоа влегува во рамки на пределот на битолско Мариово. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на Градешка Река. Расположено е на надморска височина од 725 метри.

Крај селото веднаш под познатиот Зовички мост, тече Градешка река која извира и дотекува од планината Ниџе навлегува во карпеста клисура од каде кај местноста Еленик се спојува со реката Сатока која потоа се влева во Црна Река. Од градот Битола е одалечено околу 70 километри во источен правец и е поврзано со колски пат кој се одвојува како крак од асфалтниот пат кој оди преку селата Рапеш и Маково.

Денес Марио и Петар од Скопје ја отворија сезоната за капење во сеуште ладната вода од Градешка Река.

Нека му е на здравје!

Извор за с. Зовиќ (Википедија)