Почитувани сограѓани, ве известуваме дека Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ организира отворен ден за сите кои сакаат да се запознаат со начинот на работа во компанијата, овој пат во среда.

За таа цел во среда, 20.07.2022 година сите заинтересирани ќе имаат можност да ја посетат фабриката и да се запознаат со процесите и работните места за време на прошетката која ќе биде спроведена од страна на претставници на компанијата.

Превозот до индустриската зона во Жабени ќе биде организиран од страна на Кромберг & Шуберт од „Ракометно“ – Битола во 16:30ч во соработка со компанијата МиГ Травел од Битола. Автобусите ќе бидат обележани со посебни натписи на кои ќе биде наведена намената на превозот.

Веќе десет години по ред оваа компанија гради една поинаква приказна и придонесува за стабилноста на повеќе од 5400 семејства во Пелагонискиот регион.

Повелете, бидете наши гости и запознајте нѐ подобро !