Почетокот на 2021 година започна со еден необичен проект, дизајнерското издание од Милано преставено во 2019 година, на британскиот уметник Алекс Шиникс, во соработка со брендот IQOSOP.
Зградата број 5 од населба Карпош ќе ја интегрира оваа препознатлива и светски позната фасада која за првпат беше изведена во дистриктот Тортона, во близина на културниот центар кај центарот на Милано.
Постоечката зграда воопшто немаше фасада бидејќи е градена уште во 80-тите и тоа по руски социјалистички терк. Сега конечно ќе добие нов и модерен изглед со помош на стиропор и цврст патент, нормално без типли. За подобар илузионистички ефект ќе има и внатрешни светлосни ефекти.
Unzipped или Отпетланата ќе биде новото име на оваа убавица која се наоѓа во центарот на битолската населба Карпош.
– Се радуваме што нашата зграда од нас. Карпош ќе биде прва во Македонија и втора во светот после таа во Милано со ваков необичен, но светски изглед. Се надеваме дека ќе привлечеме многу туристи од целиот свет кои ќе доаѓаат тука и ќе прават фотосесии. Многу сум возбуден бидејќи бевме жестоко нападнати пред некоја недела заради овај изглед, а не сакавме предвреме да ја откриеме нашата идеја… ни изјави пресреќен Претседателот на куќниот совет кој ја одбра фирмата за овај проект.
После летните поплави во Карпош кога како Венеција беше нашето маало, редот дојде и за италијанските архитектонски чуда од Милано.
Веста е измислена и е од рубриката ЛабавО само за забава на широката народна маса. Друго се е вистинито и прсто на гла пред да прајте нешто.