Денес во Државниот архив – Одделение Битола на иницијатива на раководителот Гоце Стојановски беше остварена работна средба меѓу највисоките органи одговорни за грижа на нашето културно- историско наследство и тоа министерката за култура, д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

Во разговорите е потенцирано оставината на Милтон и Јанаки Манаки која е дел од ова одделение да се прогласи за национално културно богатство, а во месец септември да се отвори изложба по повод 140 годишнината од раѓањето на Милтон Манаки. Во рамките на Државниот архив – Одделение Битола ќе се формира и Спомен соба за браќата Манаки и нивното дело со кое Битола е препознатлива насекаде низ светот, нешто за кое треба и повеќе како нивни сограѓани да му се оддолжиме.