Во срцето на Битола се наоѓа Диоптрика – мала, но автентична оптика која станува симбол на квалитет, посветеност и иновација. Зад овој препознатлив бренд стои Марија Цветковска, оптометрист и визионер, која со голема љубов и стручност се грижи за видот на своите клиенти. Од уникатниот излог кој привлекува внимание до едукативни настани за најмладите, Диоптрика е многу повеќе од обична оптика. Во ова интервју, Марија ја споделува својата инспирација, предизвиците на професијата и визијата за иднината.

Од каде потекнува вашата љубов кон оптометријата и како дојдовте до идејата за отворање на Диоптрика?

Мојата љубов кон оптометријата започна уште во средно образование, каде што го започнав своето патување како оптички техничар. Подоцна, факултетот за оптометрист ми ја отвори вратата кон теоријата и практиката, а работата со пациенти ме научи дека окото е навистина најделикатниот дел од нашето тело. Задоволството на клиентите кога ќе видат јасно за прв пат е она што ме инспирираше да ја отворам Диоптрика – место каде квалитетот и човечката топлина се во центарот.Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате како мала оптика и како успевате да привлечете и задржите клиенти?

Диоптрика од самиот почеток се издвои како „мала-топла“ оптика. Клучно за нашиот успех е довербата што ја стекнавме од нашите клиенти. Секогаш се трудам да го запознаам секој клиент со здравјето на очите и детално да им помогнам при изборот на најдоброто решение за нив. Нашата тајна е во квалитетот – внимателно одбрани стакла и рамки и посветеност кон секој детал. Клиентите тоа го препознаваат и ја ценат нашата искреност и професионалност.Што ве инспирираше да воведете автентичен излог и какви реакции добивте?

Оваа година решивме да го освежиме нашиот простор со сезонски излози, кои привлекоа големо внимание. Инспирацијата дојде од желбата да внесеме креативност во нашето работење и да оставиме уникатен впечаток. Реакциите беа прекрасни – луѓето го забележуваат трудот и вложената енергија, што дополнително го зголеми интересот за Диоптрика.Каква е вашата соработка со компаниите и каква вредност им нудите на деловните партнери?

Соработката со компаниите е еден од клучните аспекти на нашето работење. Од самиот почеток, добив поддршка од брендовите кои нудат квалитетни стакла и рамки. Семинарите и презентациите што ги организираат помогнаа да изградиме јасна визија за тоа што сакаме да понудиме – квалитет и професионализам.Зошто е важно редовно да го проверуваме видот и какви препораки би им дале на вашите клиенти?

Редовната проверка на видот е основа за добро здравје. Проблемите со видот не се само прашање на јасност – тие влијаат на целокупното функционирање. Препорачувам преглед еднаш годишно, бидејќи раната дијагноза е клучна за превенција и успешно лекување. За жал, во пракса, луѓето честопати го занемаруваат овој аспект од своето здравје, но преку едукација и подигнување на свеста, се обидуваме тоа да го промениме.Како успевате да ги едуцирате вашите клиенти за важноста на грижата за видот?

Едукацијата е основа на нашето работење. Организираме настани за деца, каде преку игра ги запознаваме со оптометријата. Социјалните мрежи се моќен алат за подигање на свеста, но истовремено се залагаме за директен контакт – од родители и наставници до матични лекари, секој треба да биде дел од процесот.Кои се вашите најголеми амбиции за Диоптрика?

Диоптрика е резултат на мојата визија и посветеност, но верувам дека најдоброто допрва доаѓа. Мојата цел е да продолжам со иновации во оптометријата, да го проширувам асортиманот и да го надградувам оптометрискиот кабинет. Дополнително, планираме кампањи и активности кои ќе ја зацврстат нашата улога како едукатор и лидер во здравјето на очите.

Диоптрика Фејсбук

Диоптрика Инстаграм