Во Битола околу 50 см снег заврна во текот на вчерашниот ден. Времето денес полека се стабилизира, па така до крајот на денов ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Максималните дневни температури во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Уште потопло ќе биде во недела со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Ќе има услови и за повремен локален но послаб дожд, на повисоките планини снег.
Славчо Попоски
,