,,Огнот во мене” е прва збирка поезија, прва книга на Ивана Христова. Таа е во издавнаштво на ГрафоПром – Битола, а рецезенти се Гордана Такец и Игор Трајковски Фоја.

Книгата содржи 30 песни – темели на современото општество. Нејзините стихови ја покажуваат мудроста на животот, слабостите на човекот, осветувањето на младоста, стожерот на постоењето, тајната љубов што се крие некаде во длабочината на нечие срцето. Илјадници зборови кои требало да бидат кажано, а не можеле, па треат во душа. Болката за успесите и падовите, дури и многу други работи со кои се соочуваме во животот, а ни предизвикуваат радост или болка.

Ивана Христова е млад автор, средношколец во ОСМУ ,,Д-р Јован Калаузи” – Битола. Од својата 11та година се занимава со пишување на проза и поезија, а има учествувано и учествува на државни и меѓународни конкурси и натпревари за литаратура од кои има освојувано вредни награди.