Јавното претпријатие “Стрежево” Ве известува дека скијачката сезона на Нижеполе почнува од утре, а овој викенд (сабота – 16 јануари и недела – 17 јануари) ќе биде промотивно и бесплатно.

Нижеполе почнува да блеска во сиот свој сјај, а сите оние кои сакаат барем малку да избегаат од градските гужви, ги покануваме да се упатат кон нашиот планиниски бисер.

Патиштата се чисти и проодни, но сепак ви препорачуваме да возите внимателно, и секако, да не заборавите да ја понесете задолжителната зимска опрема.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од COVID -19.

Ве очекуваме на ски – патеките, на свеж воздух и планински чај, и да започнеме успешна сезона на задоволство на сите љубители на планината и зимските скијачки авантури!

ЈП СТРЕЖЕВО БИТОЛА

Дополнување :

Почитувани,
Ски – лифтот утре сабота 16.01 2021 година ќе работи пробно од 10.00 до 14.00 часот. Во зависност од условите ќе Ве известиме за тоа дали ќе има ноќно скијање или не. Затоа пратете ја нивната официјална страница СТРЕЖЕВО СКИ ЦЕНТАР НИЖЕПОЛЕ …!!!

И не заборавете утре скијањето Ви е ГРАТИС…❄🎿🛷!!!