На улицата Прилепска во приземjето на зградата каде што некигаш се наоѓaа работните простории на “Маврово” во 80-тите “Словенијалес” од Љубљана ООЗТ Малопродажба од Скопје отвори нов модерен салон за мебел, бела техника, канцеларски мебел и акустика. Словенијалес е фирма која и ден денес се занимава со продажба на мебел и покуќнина од најреномираните производители на мебел во Словенија и Хрватска. Тоа се производители со долгогодишна традиција и искуство во производство на мебел. На македонскиот пазар се присутни во континуитет од 35 години.

Во сторија од Битолски Весник од 80тите е наведено дека за уредувањето на овој салон чија корисна површина изнесува 850 квадратни метри потрошени се 27.000.000 динари сопствени средства.

Според тогашниот раководител Трпезановски беше посочено дека овие производи биле мошне барани и ценети од граѓаните на нашата општина. Дека е тоа така потврдуваат и бројките. Имено, само за еден месец од отворањето на овој салон продаден е мебел во вредност од 5.000.000 динари. Интересот кај граѓаните е навистина голем за снабдување со мебел од производството на “Словенијалес”, уште повеќе што тука може мебел да се купи и на парче.

С.Д. Битолски Весник од почетокот на 1980-тите

“Маврово” во 2008 година беше преземена од хрватската градежната компанија Ингра, која за околу 10 милиони евра стана сопственик на 79.1 процент од акциите, при што наследи околу 20 милиони евра долг и 10 милиони евра ненаплатени побарувања и во 2009 г. прогласи стечај.(1) И оттогаш може да се рече, започнува голготата на овај објект.

Денес објектот “стопано не си го знај” шо викат битолчани и за жал е вистинско ругло на градот. Од најпрестижен објект во 80-тите со модерна архитектура за која можеше да позавиди секој тогашен, а богами и денешен архитект, до комплетна нефункционалност и срам за градот во кој уништувањето и пропаста на ваквите грандиозни објекти веќе е секојдневие и реалност.

(1)-МакФакс