Од првиод ден на Карантин за Дебар организацијата на пунктот на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ беше и е одговорност на Битолското одделение на ДЗС.Нивна задача беше да го постават и оддржуваат пунктот кај браната Глобочица и да вршат дезинфекција на влез и излез од Дебар и Центар Жупа.
Пунктот е обезбеден со сите потребни материјално технички средства за успешна и целосна дезинфекција, согласно процедурата и наредбата.
Пунктот пред Дебар редовно го опслужуваат вработените во подрачните единици на Битола, Ресен, Струга и членовите на регионалниот тим за брз одговор за заштита и спасување од планини и високи објекти, кој претходно успешно беше вклучен во спасувачката интервенција по повод разорниот земјотрес во Албанија.
Оваа битолска екипа е секогаш на првата “борбена” линија без разлика на големиот ризик, нивните домашни обврски и фамилија.
Затоа оттаму Ве поздравуваат и порачуваат да ОСТАНЕТЕ ДОМА и да ги почитувате препораките!