До четврток попладне времето ќе се задржи стабилно и суво, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.
УХМР