Од мало истражување до

нови сознанија и поместување

на досега позната хронологија

Едно мало истражување на стара разгледница од Битола направено од битолчанецот Благојче Андонов за некаков музеј кој постоел на почетокот од 20-ти век во Битола, го донесе до откривањето на францускиот композитор Раул Винеј за неговиот живот, музеј, творечка дејност и активност во нашиот град.

Од информаците кој тој ги пронајде за него некаде околу 1898 година Раул веќе живеел во Битола , а не се исклучува можноста и многу порано е дојден тука во нашиот град. Таа година заедно со Алфред Винеј (за кого немаме информации за неговото сродство со него како брат/ татко/ роднина) како автор , а Раул композитор на музиката ја пишуваат заеднички баркаролата со име “Два гласа“.

Преку неговите разгледници испраќани во Франција можеме да дознаеме дека тој имал трговска фирма во Битола и отворен музеј , додека неговиот престој датира до 1904 година. Но за што бил музејот, неговата трговија и до кога живеел тука и што се случило со него сега, засега не пронајдовме многу информации. Единствена трага е дека оваа баркарола е испечатена во Париз, Франција во 1909 година , па можеме да претпоставиме дека тој се вратил назад во Франција… А можеби и таа е испратена до француската дама во кој бил заљубен.

Баркаролата „A deux voix“, е композицијата која во Битола во 1898 година ја напишал Алфред Винеј, со музика дело на Раул
Винеј.

Еве го преводот на текстот под нотите:

1.
Дојди мој идоле
Дојди мој идоле
Во мојата гондола, Твојот ореал,
Ќе ме поддржува, ќерка на Еол
Во мојата гондола, Твојот ореал,
Ќе ме поддржува, ќерка на Еол
(Еол е бог на ветровите).

Верувај на мојот збор, Моја луда душо, Ќе ти припаѓам.

Со нежност твоите гради се притискаат,
Убава богињо, На мојот диван
Со нежност твоите гради се притискаат,
Убава богињо, На мојот диван
При нашите милувања, Твоите плави плетенки, Играа без престанок, Како
ветерот да ги носи
При нашите милувања, Твоите плави плетенки, Играа без престанок, Како ветерот да ги носи

2.
Во камизолата (женска кошула)
Ти секогаш брилираш
Твоите очи светат
Како еден дијамант
Моето срце постојано бие
Шармантна девојко
Дојди моја убавино
Дојди кај твојот љубовник

3.
Од твоите зеници
Моја млада девојко
Една искра
Која гори во срцето
Биди помалку бунтовничка
Моја голубице
Ти си верна
Јас сум победник

4
На полна ноќ
Кога се одмара
Дозволи и да соберам храброст
Да земам еден бакнеж
Твоите усни розеви
Одвај отворени
Имаат нешто
Како топлина на огнот

5
Врвна среќо
Ќе те украсам
Со една круна
Твоите убави коси
И за крштевката
Љубов најголема
Во една поема

Алберт Ламберт е сериозен француски сценски актер од периодот исто како и неговиот современ Џорџ Бер, но многу
малку веројатно овие двајца би направиле патување, помалку за да настапат во Битола, највероватно Винеј се обидува да ја импресионира дамата во Франција и на разгледниците го додава неговиот печат.

Четири самостојно објавени фото-разгледници испратени од, како што се чини, младиот
актер на сцената Раул Винеј, сите
испратени во јуни 1904 година кај една дама во Франција, веројатно од романтични причини.

Тешко е да се открие причината за овие слики, но може да биде проследување до потенцијални сценисти и минувачки забавни групи преку Битола, кој бил стратешки и увозна османлиска станица во тогаш нестабилниот Балкан од тоа време (во 1903 година Битола / Битолско го тресе
Илинденското востание). Раул Винеј е французин и не е јасно зошто тој е сместен во тоа време во Битола, иако градот имал
мала уметничка сцена меѓу многу разновидните популации.

Канцелариите, куќата и музеј на Раул Винеј, на местото од сегашниот споменик на Филип 2 Македонски

Канцелариите на Раул Винеј во Битола тоа време со прилично звучни имиња на „Генерална трансатлантска компанија“ и на
долниот кат „Меѓународен музеј на Монастир“, со можеби самиот човек на балконот? Се чини дека овие натписи се додадени подоцна на картичката со фотографии.

Димче Најдов, стар битолчанец, добар познавач и автор на “Битола низ стари разгледници” дополнува дека двете фотографии се од браќата Манаки издадени во 1912 година. Истите тој ги поседува во неговата колекција. Едната е испратена до веројатно неговата сестра Луиза во Франција со краток напис “Нашата куќа во Монастир (Битолиа), Македонија, Балканска Војна 1912. Окупација од Србија . Втората слика е испратена во Швајцарија со сличен напис: “Сеќавање на Балканската Војна 1912 година, еден поглед на центарот на градот.“

Според Викторија Момева Алтипармакова, вработена во битолскиот Завод и Музеј, сознанието за постоењето на овај музеј сосем ќе ја измени хронологијата за постоењето на првиот музеј или музејска поставка во Битола. Тоа е најбитно, дури можда побитно за нас од откриеното музичко дело.

Текст и фотографии Благојче Андонов

Голема благодарност до Џика Пајани за преводот од француски на македонски јазик, како и до Слободан Димитров за неговата несебична помош