Со донација од граѓаните на град Битола кај кружниот на Црн Мост е изграден мал параклис св. Петка. По иницијатива на битолчанецот Дејан Јанкуловски и осветување според црковните канони сега можете во секое време да го посетите и да се помолите за здравје и среќа од големата заштитничка на Битола и битолчани, св. Петка.
Овие денови паракливчето е со нов изглед и доби нов покрив и осветлување.
Браво за Дејан и за битолчани…