(Фото и видео) Градскиот парк со новите тобогани магнет за најмладите од цела Битола

од November 17, 2019 0 коментари

Прекрасниот есенски ден битолчани со најмилите го искористија да го посетат Градскиот парк и новата содржина која е донација од Швајцарската развојна агенција во соработка со Министерството за локална самоуправа, а по предлог на Пелагонискиот плански регион. Од големата гужва неколкуте тобогани дечињата чекаа ред по неколку минути за да можат да ги испробаат. Воодушевувањето беше забележано и кај повозрасните кои низ муабет коментираа дека “За нас битолчани не ни треба многу и кизнај шо за да се израдуваме. ”

Мал апел до надлежните побрзо да се санира ново настанатата состојба во околината на игралиштето бидејќи многу од извадените бехатон коцки беа така оставени, а дечињата пред нас се сопнуваа и паѓаа од нив.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *