Стрежево ќе гради помошен објект ,,Стакларник”, на Ски – центарот Нижеполе
Поради пандемијата изминатиот период и шалтерското работење преку соодветни протоколи за заштита од Ковид 19 на Чајџилницата, се наметна потреба од изградба на помошен објект до Чајџилницата кој ние го нарековме ,, Стакларник”, во склоп на Ски -центарот Нижеполе изработен од челик и стакло.
Со реализација на овој проект Чајџилница ќе прерасне во современо и привлечно место со одличен комфор и топлинска изолација во зимски услови, објект од отворен тип за сите посетители, а граѓаните ќе се чувствуваат удобно за време на нивниот престој во Ски – центарот Нижеполе.
Планирана вредност на инвестицијата е 1 500 000 денари. Подготвуваме јавна набавка на проектно – техничката документација за реализација на проектот ,,Заснежување на ски патеките со топови за снег “, а доколку добиеме и помош од Владата спремни сме да го реализираме и овај проект оваа година… посочуваат од ЈП СТРЕЖЕВО.