По повод 30 години од започнувањето со работа на ОУ Св. Климент Охридски Битола денес е промовирана нова пристапна рампа изработена од ДООЕЛ ФОД Новаци. Рампата е поставена за да можат сите ученици непречено да посетуваат кабинетска настава.
ДООЕЛ ФОД Новаци како општествено одговорна компанија позитивно одговори на барањето и од училиштето изразуваат голема благодарност до директорот Методија Тасевски и вработените на ДООЕЛ ФОД за оваа донација и за нивната хуманост.
Исто така од страна на професорката по ликовно која работеше во ова основно училиште е направено исцртување на внатрешните ѕидови на кабинетите според предметот за кој се држи настава во истиот. Со тоа внатрешноста на ОУ Климент Охридски стана дополнително попријатна средина за учење.
“Ова е само почеток на низата на активности кои ќе ги промовираме во чест на нашиот јубилеј како и почеток на активностите за одбележување на истиот. Следува свечената академија и промоција на монографијата Успешна училишна приказна по повод нашиот јубилеј, за што следи дополнителна најава.”-ни изјавија од ОУ Климент Охридски Битола.