Драги битолчани сакаме да Ве информираме дека имаме нова пошта во нашиот град, Ин Пошта Радески која е со нова подружница и во Битола.
Ин Пошта Радески е и ново КАРГО кое ќе биде во служба на граѓаните во Битола и на територијата на целата Република Македонија.
“Нашиот професионален тим е подготвен да ви излезе во пресрет и ви помогне да го пратите она што сакате, на точно место и во точно време. Ви нудиме услуги на праќање, примање и доставување на пратки брзо, лесно и ефикасно. Секој ден присутни во сите градови на целата територија со експрес достава, достава на фактури, достава на писма, на тендери, на пакети до 60 кг. и на габаритни пратки.
Како професионална компанија нудиме и вршиме уредно складирање, навремено преземање, безбеден превоз и сигурна достава на пратките во Битола и останатите градови во Македонија.”- стои во текстот кој го испратија како информација за сите нас.
Од нас да им посакаме добредојде во нашиот град, доколку имате потреба и сакате да ги контактирате ова е нивниот телефонски број 070 511 522 и мејл [email protected], или да ги посетите во нашата канцеларија на ул. Никола Тесла 66.