Врз основа на донесената Одлука на Извршниот одбор на Аеро клуб “ Мирко Тодоровски “ Битола на ден 17.02.2018 година (сабота) во 11 часот во просториите на интернатот на спортскиот аеродром Логоварди се одржа Собрание на Членовите на Здружението Аеро Клуб “ Мирко Тодоровски “Битола.


На дневен ред на Собранието се најдоа точките: Избор на работно претседателство и работни тела, Усвојување на деловник за работа, Извештај на верификациона комисија, Извештај за работата во претходниот период, Усвојување на Кандидациона листа за нов извршен Одбор и секако Претседател. Како што обично следува анализа и усвојување на завршната сметка.

Претседателот на Здружението Игор Божиновски го отвори Собранието и се премина на избор на органи и тела.

Во Извештајот за работата на Здружението на Аеро клубот даде исцрпен извештај со нагласување дека во изминатиот период додека бил Претседател односно во изминатите 12 години пред се борел тој и членовите на Извршниот одбор пред се да се сочуваат средства за основна дејност на aвиони, едрилици, падобрани и секако објектите кои се дел и сопственост на здружението.

Па така потенцира дека во моментот исправни и осигурани се два спортски авиони од типот Утва 75 и Цесна и двосед едрилица Бланик. Крајно објективно образложи за потешкотиите во работата во изминатиот период но и се заблагодари за подршката како на членовите на извршниот Одбор така и на членовите на Здружението.

Членовите на летачката и падобранската секција дадоја свои видувања и констатацијата беше дека нивото на обука на нови членови и налет за продолжување спортски дозволи не е задоволително. А да не се зборува за постигнување некои спортски резултати. Впрочем образложението е крајно реално, материјални средства Аеро клубот едвај има да ги подмири трошковите за одржување и регистрација на воздухопловите и падобраните. Високите парични надомести за летање на членовите не се воопшто стимулативни … а тоа резултира со се помалку налет и малку безначаен број на скокови со падобран.

Секако во нареден период мора да се води сметка во таа насока, за одржување на кондицијата на летачите, падобранците.

Членовите на моделарската секција во изминатиот период имаа успешни настапи на ниво на Републички и меѓународни натпревари. Голем дел од стручните моделарски кадри беа вклучени во организацијата на натпреварите од републички ранг и Светските првенства во моделарство кои се одржуваа во Битола и Особено Прилеп. За тоа Организаторот на Светските Купови на членовите на моделарската секција им додели плакета, која ја додели Перица Поповски пред почеток на Собранието а посебни признанија за членовите на Судијскиот тим на првенствата.

Финансискиот Извештај беше изцрпно разгледан и усвоен.

После изцрпната дискусија се предложија нови членови на Извршниот Одбор и предлог за Претседател .

Се направи една комбинација на членови од изминатиот состав заради континуитет и двајца нови членови кои ќе го освежат составот на новиот Извршен Одбор.

Членови за Извршен одбор на Здружението на Аеро клуб “ Мирко Тодоровски “ : Игор Божиновски, Бранко Поповски, Вања Атанасов, Драган Цветановски, Зоран Котевски, Јове Трајков, Николче Геровски, Драган Тодоровски и Драгољуб Патчев.

Со Акламација се избра новиот Извршен Одбор а за Претседател се избра Вања Атанасов – Дипл. Правник, Адвокат, долгогодишен воздухопловец и параглајдерист . Измената на Претседателот се направи поради објективни причини. Имено досегашниот Претседател Игор Божиновски на некој начин самиот се повлече од функцијата со Образложение да се избегне до судир на интереси. За заменик Претседател се избра Драган Тодоровски Дипл Правник .

После изцрпниот дел од Собранието, се организира показно летање со ултралесни летала. Инаку за информација неколкумина вљубеници во летањето вложија свои средства и набавија 3 ултралесни авиони.

Моделарите извршија доста летови со своите Радио управувани модели а Собранието заврши со заеднички ручек и во вистинска пријатна атмосвера како што им доликува на воздухопловците или како некои што споменаа едно од најмирните и најплодни Собранија во изминатите години.

Текст

Перицa Поповски

01.03.2018 г.
Б И Т О Л А