Битола добива зеленило, Битола добива нов простор за одмор и рекреација, Битола добива простор за забава за најмладите.

Денес, започнаа работните активности за изградба и уредување на нов парк во Нова Битола. Проектот кој се реализира на површина од 25.000 m² содржи: хортикултурно уредување, партерно уредување, урбана опрема, спортски реквизити, детски реквизити, осветлување.

Со проширувањето на градот во Битола се наметна и потребата за изградба на нови паркови и зеленило, токму затоа Нов градски парк беше и едно од нашите предизборни ветувања за приоритетна реализација.

Нови паркови и зеленило пред станбени објекти, во сите населби, како и во руралните средини е наша заложба која ќе продолжиме да ја реализираме.