hdr

Полека се гледа крајот на ова невообичаено топло време за овој дел од годината кое е проследено со рано – летни температури на воздухот. До самиот крај на оваа недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, стабилно време, суво и сончево, повремено со умерена, а локално и позначителна облачност, исклучок ќе биде сабота кога има услови само за слаб, краткотраен и локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет.

Под влијание на нов циклон кој ќе се формира југоисточно и јужно од нас, односно над Турција и Грција и тоа поради продорот на значително постудениот воздух од север и истиот ќе се судри со топлиот од југ ќе дојде до формирање на циклонски систем.

Во текот на ноќта кон вторник на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег на планините, а ќе започне да дува и засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник и на повисоките места и на планините ќе бидат од снег каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Поради заладувањето услови ќе има за послаби врнежи од снег и на места со надморска височина од под 1000 метри, а температурите драстично ќе опаднат и тоа дури и за повеќе од десет степени во споредба со сегашните.

Подготви: Славчо Попоски