Во текот на претпладнево во државава времето ќе биде претежно сончево и релативно топло, во попладневните часови се очекува локално зголемување на облачноста.
Ќе има услови и за локален краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.
Во текот на утрешниот ден облачноста насекаде ќе се зголемува и особено попладне и навечер ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег.
Во среда нашата држава ќе биде под влијание на нов циклон, а во исто време од север ќе се спушта многу постуден воздух. Поради ова ќе имаме врнежи од дожд на ниските, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува формирање на нова снежна покривка. Повремени врнежи од снег во среда ќе има понекаде и на пониските места меѓу коине и Битола, каде е можно формирање на потенка снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималните дневни температури во среда ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени во најтоплите предели од државава. Особено студено утро ќе имаме во четврток кога минималните температури ќе се спшуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, на високите места и на планините ќе биде уште постудено а во исто време на повеќе места ќе настапи и намалување на облачноста.
Славчо Попоски