Во текот на следните денови нашата територија на Битола и Македонија ќе биде под влијание на нов Африкански бран и истиот ќе услови значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Најтопло ќе биде на средината од наредната недела, но сепак некој екстремно високи температури на воздухот не се очекуваат и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност но не и ЕКСТРЕМНА односно истиот ќе се искачи на коефициент од 7 до 8.
Во ваква ситуација на граѓаните ги советуваме да пијат што повеќе течности и да ја избегнуваат мрсната храна во најтоплиот дел од денот.
Значи уживајте максимално во топлите денови и посетете ги најблиските природни освежувалишта, реки, езера и планини.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ