Ниски температури и мраз во раните утрински саати за Битола и битолско

од • March 28, 2019 • 0 коментари

Во следните денови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално и повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Од петок, па за време на викендот исто така очекуваме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Поради ведрото време во ноќните и во утринските часови на повеќе места температурите на воздухот ќе се спуштаат под нулата, па така во петок и во сабота наутро ќе биде најстудено со минимални температури од -7 до 3 степени додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, за Битола до 15, додека за време на викендот ќе бележат тенденција на пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен, за Битола и битолско 19.

Поради ниските температури на воздухот во утринските часови ќе има појава на голомразица.

Подготви: Славчо Попоски

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *