Нинџуцу Клубот од Битола повторно нижи успеси, но овој пат за првпат и на меѓународен план.
“Ова беше прв меѓународен турнир за нас за оваа сезона во Санда Ву Шу Кикбокс , дисциплина во која за прв пат такмичиме.
Остваривме 5 медали од 7 наши претставници кои зедоја учество на овој меѓународен турнир, од кои 2 златни (Филип Божиновски и Маријана Јоноска) и 3 сребрени (Игор Додевски, Андреј Шулевски и Трајче Мицевски).
Продолжуваме уште посилни во иднина”… ни раскажаја за денешниот настан од Нинџуцу Клубот
За најдобар сениор на турнирот е прогласен нашиот член Филип Божиновски.
Наскоро ги очекуваат професионални ММА борби во соседна Србија, а за месец дена силни Џиуџицу турнири во Германија и Романија.