На 26.12.2019 се одржа меѓународен турнир за Бокс, Кикбокс и ММА во Кичево во организација на Ускана Маршал Артс под називот The Soul Challenge 2.

Нинџуцу клуб настапи со двајца борци и издвојува исто толку победи со борци од Србија. Во категорија до 70 кг за Нинџуцу клуб Битола се бореа Бојан Милевски кој со технички нокаут во прва рунда ја доби својата борба против Милош Радојчич и истотака до категорија 70кг Игор Додевски во втора рунда со гушење го доби Предраг Стојковиќ. Ова е 11 турнир по ред за Нинџуцу клуб Битола за 2019 година во период од 8 месеци.

Следува сега мало празнично опоравување и со такмичење се продолжува 22 Февруари во Софија на турнир за Џиуџицу во две дисциплини (кимоно и без кимоно).