Баирчанецот Никола Свенчев е најсреќниот во светите води кај црквата св. Димитрија

од January 19, 2022 0 коментари

По повод големиот христијански празник Богојавление, централниот настан во Битола се одржа во Црквата Свети Великомаченик Димитриј. Со црковната богослужба чиноначалствуваше митрополитот преспанско пелагониски г. Петар, а градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски испрати честитки и желби за многу здравје, радост и среќа до сите православни христијани.
Честитајќи му и на најсреќниот Никола Свенчев (30) кој годинава имаше среќа да го фати светиот крст на оваа традиционална манифестација, градоначалникот Коњановски го покани Свенчев во својот кабинет.

Ова е негов четврт пат како го фаќа светиот крст.

Инфо и фото Општина Битола Официјална страна

Babam Bitola

Comments are closed.