Спасено е кутрето кое беше паднато во реката Драгор во близина на Ленски Мост.
Истото од страна на битолчанецот Никола Марковски-Забо со помош на скала беше подигнато дури од подолниот мост на локацијата кај Мостот на Мојсови.
Благодарност до сите битолчани кои апелираа и се ангажираа да помогнат заедно со Здружението Мали Херои.
Малото кутре кое е стерилизирано со ушна маркица е во одлична состојба.