Никола Доловски или Нико Дола е графички дизајнер и илустратор од Битола кој без било каква стручна надоградба или образование успеа само со неговиот талент во светот каде треба да ги задоволите вкусовите и желбите на најпребирливите.
Здраво од нас господине Никола . Малце инфо за вас со кое најпрвин ќе Ве запознаеме одблиску со нашите читатели…
Роден сум во 1984 во Битола. Основото училиште го завршив во „Гоце Делчев “додека пак средното во техничкото училиште „Ѓорги Наумов“- отсек бравар. Татко ми и дедо ми беа бравари и се занимаваа со железарија но јас некако со текот на образованието и работата не се пронаоѓав во тој занает. Во тоа време мајка ми имаше тезга со текстил, па на почеток почнав да работам со неа и тоа 2-3 години, но некако и таму за брзо време ми помина ќефот. Во тие години единствено што ме интересираше беа видео игрите (гејмингот), а за добар гејмер ти треба добар компјутер…
Само за да заработам некој денар за нов компјутер се вработив во Металец во Битола, па по три месеци собрав пари за да си купам компјутер. Од кога стекнав некоја работна навика и игрите престанаја да ме привлекуваат. Во тој период ги открив видов колку многу бесплатни туторијали има на интернет за дизајн кои што би ми користеле во иднина па почнав да учам Photoshop Adobe Illustrator, и др. Учев и учествував на лого дизајн контести страни како 99designs.com, crowdspring.com, designcrowd итн.
Лого дизајнот е една од потешките дисциплини во графичкиот дизајн. Зошто се определивте баш за него?
Минимализмот е нешто што ме привлекувало од стално, уште од дете сум цртал логоа. Училишните тетратки ми беа ичкртани со скетчови за спортски емблеми, монограми, симболи итн.
Кој тип лого дизајн работите? Дали изработувате повеќе типографски логоа, апстрактни симболи или илустрации? Винтиџ, минималистички, футуристички?
За стил на лого немам омилен, сите стилови ми се интересни и сакам секој стил да го усовршам. Еве можам да издвојам дека со типографија по слабо стојам бидеќи на интернет има и доста избор на фонтови и поради тоа повеќе сум фокусиран на логоата и на иллустраци. Во последно ко ќе цртам нешто за забава го презентирам во повеќе стилови. Баш за оваа иллустрација со сладоледот ми пишаја двајца професори по графички дизајн еден од USA друг беше од Канда, ми побараја да им дадам дозвола за да можат да ја споделат иллустрацијата со нивните студенти.
Кои ти се омилени тип логоа (ако има такви) – за храна, за технологија…?
Готвењето е исто така моја страст така да уживам коќе работам на лого за некој ресторан, продукт за храна и сл. Пред некоја година имав еден клиент Готвач од Јужна Африка толку шо беше задоволен од неговото лого, што си го тетвора на раката, најдобро ревју шо сум го добил до сега 🙂
Како го научивте графичкиот дизајн ? Дали посетувавте школо или сте самоук?
– 90% од тоа што го имам научено е од интернет, немам никаква школа завршено за графички дизајн. Користев многу “Youtube”, Google, и ретко некогаш и плаќав курсеви на интернет како шо се “Domestika” i “Lynda”. На се што ќе заглавев сам си пребарував за да го најдам проблемот на интернет и доаѓав до решение. За некој технички работи прашував и други дизајнери. Сакам и да му се заблагодарам на Кирил Гагачев, кој е познат графички дизајнер во Битола, кој што ми беше од голема помош околу техничкиот дел на принт дизајнот.
Дали работите само со странци или имаге клиенти и од Битола? Ако имате од Битола, по кои логоа ќе ги препознаеме?
Најчесто работам со странци, ама сепак графичкиот дизајн е далеку попочитуван надвор од државата, додека тука луѓето сакаат да поминат со поефтино или нешто муфте шо би рекле ние Битолчани :). Во Битола повеќето логоа шо ги имам направено биле за пријатели, “Dare2Dance”, “Sara Vreto” Beauty Studio “Mirjana Momirovska fashion designer” и “Bon Tacos’’ кој што го работевме заедно со Ивона Кадинска. Исто така би се нафатил и да направам бесплатен брандинг за некој ресторан или фаст фуд во Битола ако клиентот би ми дал слобода за мојот дизајн, така да ако има некој заентересиран слободно нека ме контактира. Ќе ми биди многу мило доколку си ја видам мојата работа во мојот град.
Моќта на социјалните мрежи и медиуми. Како стигнавте до толку многу следбеници? Каков тип содржина објавувате и колку често? Дали објавувате нешто што се бара на Инста или нешто што вие мислите дека треба да се објави?
Дизајн без маркетинг не го бива, колку и да си добар џабе ќе биди ако не си виден. Така да 2017 до крајот на 2019 бев повеќе фокусиран на маркетингот него ли на дизајнот. Ги пратев другите познати дизајнери како работат, шо постират, како постират на нет… па во 2018 забележав дека туторал видеата се многу гледани и решив и јас да направам такво видео. Беше доволно само една промоваторска инстаграм страна да ми го сподели видеото, и после то почнаја сите промоваторски страни за графички дизајн да ја споделуват мојата работа. Ете така стигнав доста брзо и до ова бројка на следбеници.
Кој софтвер и хардвер го користите?
За лого дизајн користам Adobe Illustrator, за едитиранје на фотографи користам Adobe Photoshop, маркетингот ме натера и да правам анимаци и да едитирам видеа за анимаци користам Adobe After Effectа за видео едитирање користам Adobe Premiere.
Дали може добро да се заработи и живее од дизајн?
Јас сум доста задоволен од заработката, дури и во 2011 кога бев во првите чекори објавував логоа на лого контести и заработував, во 2015 почнав да соработувам со компанија за изработка на Телефони “BioRugged” таму почнав да заработувам солидно, ама работата не ми беше многу по ќеф па решив да застанам на свои нозе се до 2017 каде што почнав да се се фокусирам на маркетинг. Од 2017 година до 2018 не заработував воопшто дури и одбивав клиенти само за да се фокусирам на маркетингот. Имаше и ден шо немав пари ни за леб и туна да си купам, но бев сигурен дека за брзо ќе застанам на свои нозе. Сепак имав и голема подршка од мојот брат Игор Доловски кој е исто така графички дизајнер.
Дали работите сам или имате тим?
Од дома работам сам веќе 9 години, осаменоста не ми пречеше до пред некоја година, па сега сакам то да го сменам. Како шо има повеќе клиентела ќе барам соработка и од други дизајнери во Битола, повеќето луѓе мислат дека мојата работа е лесна, ама да си нон стоп во карантин мегу четри зида не е ич лесно. Мислам дека со короната луѓето сфатија колку ми е тешка мојата работа, ко беше карантинот дури и се осетив не толку осамен зошто сите луѓе го правеа моето секојдневие.
Колку време Ви треба за едно лого?
Два до три дена, многу време одзема комуникацијата меѓу клиентот и истражувањето на интернет за да се дојди до идејата, а додека пак за дизајнирањето потребно е само 1 до 3 сати зависност од колку е детален самиот дизајн.
За повеќе од неговите дизајни и логоа посетете го неговиот Инстаграм и како битолчани да дадеме еден мал придонес за да ја стигнеме бројката од 50К следбеници.