И оваа година поради мерките за заштита од КОВИД-19, „Незаборав 2021“ e направен во вид на видеоматеријал.
„Незаборав 2021 – Песни за Битола“, е единаесетти по ред и содржи 25 песни за Битола.
За потсетување, претходните изданија беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски-Буба Мара, Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, Битолски Конзули, Битолчани на Валандово и Драган Каранфиловски-Бојс.
Во видео материјалот опфатен е периодот со пејачи и песни за Битола, од „Битола мој роден крај“ на Ајри Демировски до „Ако одам во Битола“ на Петар Георгиев Калица. Тука се и Благој Петров-Караѓуле, Блага Видец, Виолета Томовска, Јонче Христовски, дуетот Куцулова-Андреевски, ансамбл „Боцкин“, Добри Ставревски, Пепи Бафтировски, Гоце Николовски и др.
Автор на проектот е Панде Димитровски, сценарист и наратор Силвана Петрова-Насух, режисер Миле Грозадновски, а видео материјалот е подготвен од Креатив продукција Битола, финансиски поддржан од Општина Битола.
Видеото може да го погледнете на следниот линк