Битолчанецот Јонче Христовски (1931-2000) е легенда на македонската народна музика како пејач, композитор и текстописец на многу познати македонски народни песни меѓу кои е и сегашната неофицијална химна на РК Вардар “Ој, Вардаре македонски од извор дур до Солуна” , со специфичен стил на изведба на песните.

Баш поради оваа песна тој беше прогласен за непожелна личност од Грција каде влезот му беше забранет. Во поново време песната истотака е препознатлива и во изведба на битолчанката Виолета Томовска.